Bojana Stojanovic
16 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија уште три лица починаа како последица на коронавирусот во изминатите 24 часа, а позитивни на вирусот се уште 58 граѓани, што значи дека до денес регистрирани се вкупно 10.496 пациенти, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од вчера, тестирани се 6.076 лица, а 58 од нив се позитивни на коронавирусот.
Хоспитализирани се 766 пациенти, а на респираторни машини се приклучени 17 пациенти.
Во претходните 24 часа од коронавирусот починаа уште три лица, со што бројот на смртни случаи е зголемен на 228. Процентот на смртност е 2,17 отсто.
Се излекувале вкупно 4.479 лица, а досега се тестирани 174.746 лица.