Fuat Kabakcı
16 Мај 2020•Ажурирај: 18 Мај 2020
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во Индија бројот на заразени со коронавирусот порасна на 85.940, со што го надмина бројот на заразени во Кина, каде што коронавирусот Ковид-19 се појави за првпат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на телевизискиот канал НДТВ (NDTV), индиското Министерство за здравство и семејна благосостојба соопштило дека во изминатите 24 часа потврдени се 3.970 нови случаи на вирусот.
Во истиот период, како последица на коронавирусот починале 103 лица, со што вкупниот број на смртни случаи порасна на 2.752.
Националниот здравствен завод на Кина соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се осум нови случаи на вирусот, од кои шест биле случаи „увезени“ од странство.
Вкупниот број на заразени во Кина со новите случаи се зголеми на 82.941, од кои 89 сè уште се лекуваат.
Се наведува дека во изминатиот ден не е потврден ниту еден смртен случај што би можел да се доведе во врска со Ковид-19.