БЕЛГРАД (AA) - Србија нема да се согласи на новите правила, изјави вечерва претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повикувајќи ја Владата на Косово да ја повлече стопроцентната царина на производи од Србија, а претседателката на Владата, Ана Брнабиќ, најави дека ќе продолжат да ја повикуваат Европската унија да реагира на кршење на Договорот за стабилизација и асоцијација и ЦЕФТА договорот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Србија нема да се согласи на нови правила за неа. Повлечете ги своите тарифи, варварски, нецивилизациски. Кога ќе ги повлечете, спремни сме да разговараме за сите работи и на тема на која сакате", рече Вучиќ по состанокот со сите членови на Владата на Србија.
Тој изрази плашење дека без повлекување на тие мерки, сите ќе бидат во голем проблем, но „тогаш на тоа сме натерани".
Претседателот на Србија рече дека „меѓународната заедница мора да сфати дека мораме да се вратиме таму каде почнавме" повторувајќи дека Србија мора да пружи рака на помирување, бидејќи мора да го сочува мирот.
Вучиќ наведе дека одлуката на Владата на Косово за воведување на стопроцентни царини на производите од Србија се „најзначајниот обид за дестабилизација" со цел да нема Срби во Косово и ги замоли Србите на останат во Косово, за што државата ќе помогне и ќе најде решение да останат.
Претседателот на Србија наведе дека тоа што го направиле, „го направиле од за нас непознати причини", додавајќи дека „тие сметаат дека Србија е виновна, бидејќи победила во гласањето на Интерпол".
„Тие немаат што друго да ни кажат, тоа исто и го направиле и на БиХ, поради што со таа земја ќе гледаме да ги координираме активностите да се воспостави владеење на правото во регионот и во рамките на ЦЕФТА договорот", рече претседателот на Србија.
По повод апсењето на четирите лица осомничени за убиство на Оливер Ивановиќ, Вучиќ запраша дали некој слушнал дека го решиле убиството на лидерот на граѓанската иницијатива СДП. Тој додаде дека еден од уапсените Александар Чурчиќ полицијата „брутално го претепала, бидејќи им дофрлал на Албанците на улица".
„Повеќе од било кој, ние сакаме да ги фатиме убијците на Оливер Ивановиќ и не е важно дали е Србин или Албанец", изјави Вучиќ, оценувајќи дека денешната акција немала врска со тоа.
Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека ќе продолжат да ја повикуваат ЕУ да реагира на кршењето на Договорот за стабилизација и асоцијација и ЦЕФТА договорот, Брнабиќ најави дека во понеделник ќе поднесе пријава за постоење повреда на ЦЕФТА договорот од УНМИК, кој ја претставува Приштина во Цефта и ќе бараат почеток на формални консултации, што е „обврзувачка постапка пред арбитража".
Таа рече дека денешниот ден бил тежок, но дека сигурно не е ниту прв, ниту последен.
„Она што Владата мора да продолжи да го прави, тоа е да продолжиме да ги спроведуваме нашите задачи, планови, програма и ми се чини дека во деновите каков што е овој денес, мораме да знаеме дека утре мораме да продолжиме уште посилно и подобро", рече Брнабиќ, оценувајќи дека Србија мора да биде центар на регионален разум и стабилност.
Премиерката на Србија наведе дека по секоја цена ќе ја чува стабилноста, освен по цена на животот и слободата на Србите во Косово, до што се надева дека нема да дојде.
news_share_descriptionsubscription_contact


