Sibel Vezaj
23 Ноември 2018•Ажурирај: 23 Ноември 2018
ПРИШТИНА (АА) - Косовската полиција соопшти дека на неколку различни локации во Косово, кои се претежно населени од српската заедница, се одржани протести против последните случувања во Косово, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Со цел информирање на јавноста во врска со протестите одржани денес на неколку различни локации во земјата, како Грачаница, Штрпце и во некои места во Северна Миторвица, Косовската полиција навреме ги изврши сите потребни полициски подготовки, со цел зачувување на редот и јавната безбедност, пред, во текот и по протестите“, се вели во соопштението на Косовската полиција.
Во соопштението се наведува дека Косовската полиција го признава правото на граѓаните за јавен собир и слобода на говор за време на јавен собир, протести и манифестации, во согласност со Уставот на Република Косово и законите во сила.
„Протестите започнале околу 12:00 часот и завршиле околу 13:00 часот, во текот на овој период во некои улици во кои е реализиран протестот во Северот, се случи привремен прекин во сообраќајот“, се истакнува во ова соопштение.
Се вели дека протестите биле мирни и дека по демонстрациите улиците биле пуштени за сообраќај.
„Косовската полиција како институција за спроведување на законот, сите потребни чекори ги презеде во согласност со Уставот на Косово, законите во сила и полициските планирања, за го обезбедува редот и јавниот мир“, се додава во соопштението.
Инаку, протестите се одржаа по одлуката на Владата за воведување царина од 100 отсто за увезените стоки со потекло од Србија и Босна и Херцеговина, како и денешната операција во Северна Митровица од страна на Косовската полиција во врска со убиството на српскиот лидер на „Слобода, демократија и правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ, во чии рамки беа приведени четири лица од српската заедница во земјата, од кои двајца биле полициски службеници.