Agim Sulaj
04 Април 2021•Ажурирај: 04 Април 2021
ПРИШТИНА (АА) - Вјоса Османи е избрана за претседателка на Република Косово од страна на пратениците на Парламентот на Косово, јавува Агенција Анадолија.
Османи за оваа позиција беше кандидатка на движењето Самоопределување, додека нејзиниот противкандитат беше Насуф Бејта. Османи успеа да победи во третиот круг гласање во Парламентот.
На седницата за избор на претседател на државата учествуваа 82 пратеници, од кои 71 гласаа за Османи, додека 11 гласа беа невалидни.
Османи не беше поддржана од Демократската партија на Косово (ПДК), Алијансата за иднина на Косово (ААК) и Српската листа, додека за да се постигне кворум на седницата, Османи доби поддршка од нејзината поранешна партија, Демократската унија на Косово (ЛДК).
Османи извесно време ја вршеше функцијата претседателка на Парламентот на Косово, а беше и вршител на должноста претседател на државата.
Претседателскиот мандат во земјата трае 5 години.
- Која е Вјоса Османи -
Вјоса Османи - Садриу е родена на 17 мај, 1982 година во Митровица, каде и го заврши нејзиното основно и средно образование.
Таа дипломираше на Правниот факултет при Универзитетот во Приштина, додека магистерските и докторските студии ги заврши на Универзитетот „Питсбург“ во САД.
Од млади години беше дел од Демократската унија на Косово, додека неколку мандати беше пратеник во Собранието. Османи ја напушти Демократската унија на Косово, додека на последните парламентарни избори учествуваше како кандидат од движењето Самоопределување.
Османи има објавено книги, написи, монографии од областа на меѓународното и комерцијално право. Покрај мајчниот јазик, Османи говори англиски, турски, шпански и српски јазик.