Fatjon Cuka
10 Октомври 2024•Ажурирај: 10 Октомври 2024
ТИРАНА (АА) - Во пресрет на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, главниот град на Албанија е украсен со албански и турски знамиња, јавува Анадолу.
Претседателот Ердоган денес ќе престојува во посета на Албанија каде ќе се сретне со високи претставници на земјата, а ќе ја отвори и џамијата Намазѓа, изградена со финансиски придонес на Туркије.
По повод посетата на претседателот Ердоган на плоштадите и булеварите во Тирана, како и во новоизградената џамија, е поставено и турското знаме покрај албанското.
Ердоган ќе се сретне со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, како и со премиерот Еди Рама.
По средбите со официјалните претставници свечено ќе биде отворена џамијата Намазѓа, во што ќе учествуваат претседателот Ердоган, премиерот Рама и други претставници.
Џамијата Намазѓа е изградена со финансиски придонес на Дирекцијата за верски прашања на Туркије и Фондацијата за верски прашања на Туркије (ТДВ).