Adis Karaca
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
БЕЛГРАД (АА) - Близу илјада граѓани на Србија, предводени од Чедомир Јовановиќ, претседателот на Либерал-демократската партија на Србија (ЛДП), и Ненад Чанк, претседател на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ), прошетаа денеска од ЛДП до зградата на Владата на Србија, каде што положија цвеќе пред спомен-плочата на Зоран Ѓинѓиќ, премиерот на Србија кој беше убиен на денешен ден пред 14 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Граѓаните носеа бели и црвени рози и транспаренти со цитати на убиениот премиер Ѓинѓиќ.
Лидерите на ЛДП и Лигата на социјалдемократите на Војводина, како и кои оние кои присуствуваа на прошетката, во чест на убиениот премиер Зоран Ѓинѓиќ положија цвеќе и запалија свеќи пред спомен-плочата во дворот на Владата на Србија.
Претседателот на Либерал-демократската партија на Србија, Јовановиќ, рече дека луѓето кои биле дел од прошетката покажале подготвеност да се борат за своите животи, онака како што тоа би го направил и Ѓинѓиќ кога би бил жив.
„Ова денеска е израз на стремежот државата да ја изведеме од лудилото во кое е со години”, рече Јовановиќ и додаде дека никогаш полошо не било зборувано за ЛДП и дека никогаш досега не била одбележана годишнината од смртта на Ѓинѓиќ, а актуелната власт да не положи венец.
Лидерот на ЛСВ, Чанак, рече дека кога размислува на Ѓинѓиќ, размислува за фактот дека не се пронајдени и не се казнети иницијаторите на злосторството и сè додека тоа не се расчисти, иднината не може да биде поинаква.
Претседателот на Нова партија, Зоран Живковиќ, и министрите во владата кои тој ги водеше по убиството на Ѓинѓиќ, исто така положи цвеќе во предворјето на Владата на Србија.
Живковиќ рече дека годишнината од убиството оваа година се поклопува со претседателските избори во Србија, и според него тројца кандидати се радувале кога Ѓинѓиќ бил убиен.
„Граѓаните на овие избори имаат можност Србија да ја изведат на прав пат. За наредната година најавено е откривање на споменикот на Ѓинѓиќ. Граѓаните не смеат да дозволат, споменикот да го откријат оние кои се радуваа на неговото убиство”, рече Живковиќ.
Поворката по полагањето на цвеќето, продолжи кон Алејата на великаните на Новите гробишта, каде што му оддаде почит на убиениот српски премиер.
Почест на гробот на покојниот премиер на Србија, Ѓинѓиќ, му одадоа неговото семејство и членовите на Демократската партија.