Oktaj Omeragikj
15 Август 2025•Ажурирај: 15 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Голем пожар го зафати подрачјето на Јажинце, што предизвика затворање на патниот правец кон граничниот премин, известува Анадолу.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, и командантот на Бригадата од самото место ги координираат активностите за спречување на понатамошното ширење на пожарот што избувна во Јажинце.
Противпожарните екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот.
Во гаснењето на пожарот ќе учествуваат авион „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.
Поради пожарот што го зафати подрачјето, затворен е патниот правец кон граничниот премин Јажинце (со Косово) до понатамошно известување.
Државните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат ова подрачје и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција.