İlyas Gün
07 Декември 2019•Ажурирај: 09 Декември 2019
ГОСТИВАР (АА) - Во Гостивар се одржа 13. издание на Меѓународниот конгрес за балканска историја организирано од Здружението „Мубаделе“ од турскиот град Самсун, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Федерацијата на здруженијата од Румелија во Црното Море, во соработка на Здружението „Мубаделе“ од Самсун и Универзитетот „Визион“ од Гостивар се одржа овој конгрес, во чии рамки своите трудови ги презентираа 30 научници од 5 земји.
Претседателот на Здружението „Мубаделе“, Олџај Јаник, истакна дека првиот дел од овој конгрес се одржа минатиот месец во Самсун, и дека вториот дел е одржан во Гостивар.
„Конгресите за балканската историја фрлаат светло врз заедничката историја на балканските земји, во која е вклучена и Турција. Горките и добрите случувања во минатото сакаме да ги ставиме во научен филтер и планираме да градиме заедничка иднина во мир и благосостојба“, реќе Јаник.
Претседателот на Партијата за движење на Турција (ТХП), Енес Ибрахим, кој воедно е и пратеник во Собранието на Северна Македонија, нагласи дека Здружението „Мубаделе“, кое го опиша како една од најмоќните невладини организации во Турција, организира плодни активности.
Министерот без ресор во Владата на Северна Македонија задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан, истакна дека од денот на независноста на Северна Македонија досега, Турција дава многу голема поддршка за развојот на Северна Македонија.
„Како турска и муслиманска заедница во земјата, среќни сме што ја преземаме одговорноста да бидеме мост со цел да продолжи оваа поддршка“, додаде Хасан.
Од друга страна, ректорот на Универзитетот „Визион“ од Гостивар, проф. д-р Фадил Хоџа, нагласи дека треба да се заживува турскиот јазик со цел да продолжи турското присуство на Балканот.
Седумдесетте трудови претставени во рамките на овој конгрес во Самсун и во Гостивар, ќе бидат подготвени во една книга во согласност со академските критериуми.