Fahri Aksüt
11 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
АНКАРА
Грција отвори оган врз чамец кој пренесувал цивили на островот Родос во Егејското море, соопшти Командата на турската крајбрежна стража, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Командата соопштија дека двајца турски и еден сириски државјанин биле повредени, а чамецот потонал како последица на нападот.
Нападот во грчките води се случил 7,2 наутички милји од турската област Мугла.
Во извештајот се наведува дека по нападот е испратена екипа за итни случаи во состав на четири бродови и тим за нуркање.
„Повредените лица се однесени во државната болница во Мармарис од страна на турскиот спасувачки тим“, се додава во соопштението.
Тензиите во регионот се зголемени како последица на активностите за истражување и сондажа во Источниот Медитеран.
Анкара ја обвини Грција за спроведување максималистичка политика во Источниот Медитеран и потенцира дека нејзините поморски барања ги кршат суверените права на Турција.