Oktaj Omeragikj
11 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 141 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи на зараза со овој вирус во земјата се искачи на 12.083, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека едно лице починало од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 529.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова бројката на оздравени пациенти од Ковид-19 во земјата изнесува 8.248.
Во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.306.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања на Ковид-19, а вкупната бројка на тестирања за овој вирус во земјата изнесува 117.475.