Ayhan Mehmet
18 Мај 2017•Ажурирај: 19 Мај 2017
АТИНА (АА) - Пензионерите во Грција протестираа против пакетот закони за кои треба да се гласа во собранието, а во рамките на тие закони е предвидено и намалување на пензиите, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај дождот, пензионерите кои на повикот од различни синдикати се собраа на плоштадот „Коѕија“ во Атина, маршираа кон зградата на парламентот.
Демонстрантите извикуваа пароли против мерките за штедење и владините политики, и носеа транспаренти со натписот „Нашиот одговор за вас е востание и борба“.
Пензионерите соопштија дека ќе учествуваат на масовните демонстрации на плоштадот „Синтагма“ во вечерните часови, кога се чека во парламентот да се гласа новиот договор.
Предлог-законот содржи регулативи кои ќе обезбедат заштеди од околу 4,9 милијарди евра.