Gökhan Zobar
05 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
ЕДРЕНЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, истакна дека Србија ја поддржува Турција во борбата против ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашиот став е јасен. Имаше само едно училиште и тоа училиште е затворено. Нашиот став во однос на другите земји беше отворен, јасен и искрен. Овој наш став продолжува исто и понатаму. Ние ја поддржуваме Турција во борбата против ФЕТО“, изјави Дачиќ за медиумите во Едрене, Турција, каде што присуствуваше на отворањето на Почесниот конзулат на Србија.
Укажувајќи на добрите односи со Турција, Дачиќ потсети дека заемно се укинати визите меѓу Турција и Србија.
Истакнувајќи дека продолжувањето на соработката меѓу двете земји е важна, Дачиќ нагласи:
„Имаме Договор за слободна трговија. Веќе 8 години имаме безвизен режим. Континуираната соработка меѓу двете земји е важна за нашите интереси. Градиме инфраструктура и патишта во Србија за да можат турските иселеници кои живеат во Европа да патуваат побезбедно кога се враќаат во Турција. Отворени сме за сите предлози за решавање на проблемите.“
Дачиќ, исто така, истакна дека продолжуваат разговорите за извоз на месо во Турција.