Gorana Jakovljevic
03 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
БАЊА ЛУКА (АА) - Две лица се полесно повредени во експлозии на автомобили кои се случија во попладневите часови, пред станбена зграда кај Ребровачки мост, на булеварот Петар Бојовиќ во Бања Лука, се вели во неофицијалните информации од полицијата на Бања Лука, јавува Anadolu Agency (AA).
Драган Лукач, министер за внатрешни работи на Република Српска, на вонредна прес-конференција изјави дека овој случај не е поврзан со тероризам туку станува збор за напад насочен против едно лице.
Дарко Чулум, директор на Полицијата на РС, изјави дека оштетениот во овој случај од претходно ѝ е познат на полицијата.
Полициската управа на Бања Лука врши увид на местото на настанот, сообраќајот во улицата е блокиран, поради што е забележан голем сообраќаен метеж во тој дел на градот.
Очевидците кои се собраа во близина на местото на инцидентот тврдат дека во краток рок се слушнале три до четири експлозии, и оти интервенирала службата за итна помош на Бања Лука.
Насобраните граѓани коментираат дека под автомобилот што експлодирал прв била подметната експлозивна направа.