Gorana Jakovljevic
03 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
БАЊА ЛУКА (АА) - Пред станбена зграда во близина на Ребровачкиот мост во Бања Лука експлодираше автомобил, а според неофицијални информации потоа експлодирале уште два автомобили паркирани во непосредна близина, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата го блокираше сообраќајот, а од Полициската управа на Бања Лука не можеа да соопштат повеќе детали.
Очевидците кои се собраа во близина на местото на експлозиите тврдат дека за кратко време се слушнале три до четири експлозии, како и дека едно лице е повредено на кое медицинска помош му пружила итната помош на Бања Лука.