Ekipa
31 Август 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
ПОДГОРИЦА (АА) - Државната изборна комисија (ДИК) во Црна Гора ги објави прелиминарните резултати според кои коалицијата „Одлучно за Црна Гора-ДПС-Мило Ѓукановиќ“ освоила 35,12 отсто од гласовите, јавува Агенција Анадолија (AA).
Опозициската листа „За иднината на Црна Гора“ освои 32,54 отсто, додека опозициската коалиција „Мирот е нашата нација” 12,55 отсто.
Според податоците на Државната изборна комисија, опозициската коалиција „Црно и бело“ има освоено 5,57 отсто, социјалдемократите 4.09 отсто, Бошњачката партија 3,81 отсто и СДП 3,14 отсто.
Албанската листа освои 1,61 отсто, додека албанската коалиција „Едногласно“ 1,16 отсто.
Хрватската граѓанска иницијатива не го помина цензусот со 0,27 отсто, исто и Хрватската реформска партија, која освои 0,13 отсто.