НИШ (AA) - Министрите за надворешни работи на Македонија и Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ во петок се состанаа во Ниш за да по дипломатско-политичката криза која е обелоденета со повлекување на персоналот на амбасадата на Србија во Белград на консултации, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Димитров изјави дека сосанокот бил многу позитивен и конструктивен.
„Имавме позитивен и конструктивен разговор за причините кои доведоа до оваа ситуација. Суштината на новата Влада е целиот регион да оди напред. Ние многу се радуваме кога ќе видиме дека Србија забележува успеси. Јас сум убеден и дека Србија се радува Македонија да има успеси. Ние имаме заедничка иднина, а тоа е европската иднина", рече Димитров.
На прашањето како Македонија ќе се однесува кон приемот на Косово во УНЕСКО, истакна дека тоа е многу важно прашање за Македонија, Србија но и за цела Европа.
„Македонија е мултиетничко општество и мораме да бидеме внимателни кога донесуваме одлуки. Сигурно е само дека секоја одлука ќе биде во интерес на Македонија", рече Димитров.
Дачиќ по состанокот на конференцијата за медиумите рече дека имал многу отворен разговор со шефот на македонската дипломатија.
„Имав многу добар, отворен и конструктивен разговор. Во таа смисла разговаравме и за одредени безбедносни прашања, односно на својот колега му ги пренесов сознанијата кои нашите безбедносни служби ги поседуваат", рече Дачиќ додавајќи дека токму тие сознанија предизвикаа реакција кај српските власти кон Македонија.
„Не сакаме да настане голема штета во нашите односи, односно Србија да биде лажно обвинета за предизвикување на одредени немири и за дестабилизација во Македонија. Во таа смисла многу е важно овие работи да бидат проверени и во иднина сите недоразбирања кои постојат да ги решаваме преку дијалог. Ние сме пријатели и треба да се однесуваме како пријатели. Треба да се чуваме да не бидеме вклучени во некои глобални политички игри. Кога станува збор за Србија, сакам уште еднаш да ги уверам граѓаните на Македонија дека од Србија не им се заканува никаква опасност за Македонија", рече Дачиќ.
Истакна дека очекува дека до крајот на годината премиерот на Македонија ќе го посети Белград, нагласувајќи дека е многу важно да постои меѓусебна доверба помеѓу двете страни и добра комуникација.
„Нашиот персонал од амбасадата се врати во Скопје. Ќе ја продолжиме нашата комуникација за овие теми за кои денеска не стасавме да разговараме бидејќи се занимавме за други работи. Заклучивме дека пријателите треба да се помагаат", додаде Дачиќ.
Нагласи дека е најважно Србија и Македонија да не бидат како што рече, колатерална штета на глобални политичко-меѓународни односи.
„Јас му ги укажав на мојот колега на сознанијата на нашите безбедносни служби. Тие не се однесуваат на Владата туку на безбедносниот фактор, секако во сетоа тоа со учество на одреден странски фактор. Јас можам да ви кажам, но нема да го направам тоа бидејќи наша цел не е тука да зборуваме за тоа. Тука е целта сето тоа да не се случува и веќе да не бидеме ние колатерална штета на глобално-политички меѓународни односи, и Србија не сака да биде обвинета за дестабилизација. Србија никогаш не работела на штета на Македонија", рече Дачиќ.
Истакна дека Србија не ја менувала одлуката за името под кое ја признава Македонија.
„Нас не боли тоа што ја признавме Македонија под уставното име, на што ни замери Грција која инаку не го призна Косово, додека Македонија го призна, не оваа Влада туку претходната, тоа го направи 2008 година. Постојеа некои потези кои многу тешко ни паднаа", рече Дачиќ и потсети дека Косово го признала претходната влада а не сегашната, предводена од Зоран Заев.
Димитров изјави дека сосанокот бил многу позитивен и конструктивен.
„Имавме позитивен и конструктивен разговор за причините кои доведоа до оваа ситуација. Суштината на новата Влада е целиот регион да оди напред. Ние многу се радуваме кога ќе видиме дека Србија забележува успеси. Јас сум убеден и дека Србија се радува Македонија да има успеси. Ние имаме заедничка иднина, а тоа е европската иднина", рече Димитров.
На прашањето како Македонија ќе се однесува кон приемот на Косово во УНЕСКО, истакна дека тоа е многу важно прашање за Македонија, Србија но и за цела Европа.
„Македонија е мултиетничко општество и мораме да бидеме внимателни кога донесуваме одлуки. Сигурно е само дека секоја одлука ќе биде во интерес на Македонија", рече Димитров.
Дел од персоналот во амбасадата на Србија во Скопје се врати вчера и тоа дипломатско претставништво започна да работи вчера, додека враќањето на амбасадорката е најавено за 31. август.
news_share_descriptionsubscription_contact
