Şerife Çetin
02 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската комисија нагласи дека Северна Македонија и Албанија спроведувале важни реформи, и дека го поддржуваат отворањето на процесот на преговори со двете земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмено соопштение на Европската комисија се наведува дека Северна Македонија и Албанија постигнале важен напредок во насока на владеењето на правото.
Во ова соопштение се истакнува дека Албанија постигнала напредок во различни прашања, како судски реформи, безбедносни истраги на судиите, како и во борбата против корупција и организиран криминал, и дека има подобрување и во системот за азил.
Според соопштението, во Северна Македонија се направени важни чекори во областа на независноста на судството, и дека има подобрување во борбата против организираниот криминал.
„Двете земји забележуваат конкретен и одржлив напредок. Затоа, Комисијата го поддржува отворањето на процесот на преговори со Албанија и Северна Македонија“, се додава во ова соопштение.
„Откако отидовме на промени во нашата стратегија за проширување, извештаите кои ги подготвивме за Северна Македонија и Албанија покажуваат дека овие земји ги забрзале работите за реформи. Се надевам земјите членки да донесат позитивна одлука во наредните недели во насока на отворање на преговорите“, истакна еврокомесарот за проширување, Оливер Вархелји, се нагласува во ова соопштение.
Европската комисија во април месец 2018 година препорача отворање на пристапните преговори со Северна Македониај и Албанија. Европскиот совет во јуни месец 2018 година го потврди напредокот и утврди пат според отворање на пристапните преговори, во зависност од напредокот остварен во одредени клучни подрачја.
Откако Европската комисија во мај 2019 година даде позитивни препораки, Европскиот совет ја одложи одлуката до јуни, а потоа до октомври 2019 година. На самитот во октомври минатата година, поради противењето на Франција, Европскиот совет за Северна Македонија не донесе одлука за одредување датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
По ваквата одлука, лидерска средба иницираше претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски на која беше договорено одржување предвремени парламентарни избори на 12 април оваа година.