Nazmi Abduramani
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Денес се одбележува првата годишнина од катастрофалните поплави на периферијата на Скопје, предизвикани од пороен дожд и силен ветер во кои животот го загубија 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Поплавите ги зафатија жителите на населбите Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. Во текот на 24 часа на 6 август во Скопје паднаа 92,9 литри дожд на квадратен метар.
Во текот на вечерта на 6 август, беа евакуирани околу илјада жители, а од тешките временски услови и поројниот дожд домовите останаа без електрична енергија, а паднаа голем број дрвја.
Граѓаните координирани од страна на Црвенит крст, Штабот на кризи и институциите во следните денови се солидаризираа со собирање на помош која беше најпотребна за лицата погодени од поплавите.
За помош на жителите од поплавените региони дојдоа и екипи од соседните земји како и од Турција. Разни институции на Република Турција нудеа донации и различен вид на хуманитарна помош, доделени за жителите погодени од поплавите.
Турската дирекција за управување со катастрофи и итни состојби (АФАД), турската Црвена полумесечина како и голем број други турски општини, од првиот ден нудеа помош за поплавените региони на периферијата на Скопје.
Владата на Република Македонија на итна седница минатата година 8 август го прогласи за Ден на Жалост.