Andelija Stojkovic
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
БЕЛГРАД (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во писмото до српскиот претседател Александар Вучиќ, во кое тој изрази благодарност за гостопримството во при неговата посета на Белград на почетокот од октомври, наведе дека мирот и стабилноста на Балканот се од најголемо значење за Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
„Внимателно ги следам храбрите чекори што Вие ги преземате кон земјите од регионот. Турција е секогаш подготвена да придонесе за залагањата насочени кон заштита на мирот и стабилноста. Соработката на Турција и Србија, клучните земји на регионот, ќе биде најцврста основа за стабилност и благосостојба на регионот“, наведе Ердоган.
Турскиот претседател оцени дека Трилатералниот процес Турција – Србија – БиХ е корисен за механизмот и оти договорот постигнат за време на неговата посета на Србија, за започнување на подготовските за самитот што ќе биде одржан следната година, е важен чекор за целиот регион.
Ердоган изрази благодарност за соработката во борбата на Турција против терористичката организација ФЕТО.
Тој се заблагодари за беспрекорната програма за време на посетата на Белград и Нови Пазар и за беспрекорните безбедносни мерки за време на посетата.
Турскиот претседател наведе дека е особено трогнат од срдечниот прием во Санџак и оти таа посета претставувала мост на пријателство меѓу Србија и Турција.
„Ги поттикнуваме истакнатите бизнисмени од Турција, кои заедно со мене ја посетија Србија, да вложуваат во Санџак. Сигурен сум дека презеле конкретни чекори на ова поле, на состаноците кои ги одржаа со своите соговорници“, наведе Ердоган.
Тој оцени дека основањето на Високиот совет за соработка ќе биде рамка за продолжување на меѓусебните посети на високо ниво.
Претседателот на Турција повтори дека ќе му биде задоволство да му биде домаќин на Вучиќ во Турција.