Gordana Šimovic
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
МОСТАР (АА) - Во пад на авион во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, во попладневните часови загинаа четири лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Трагедијата се случила околу 16 часот во населеното место Родоч во близина на Мостар, на околу 200 метри воздушна линија северно од Алуминискиот комбинат, кога се сруши спортски авион со ознаки на Босна и Херцеговина.
Животот го загубија четири лица, како што неофицијално дознава екипата на АА од местото на настанот. Пронајдени се телата на три лица, а по четвртото се трага.
Спортскиот авион во падот се преполовил и се запалил. Интервенираше противпожарната и итната служба. Теренот е обезбеден и заштитен од приод.
Во авионската несреќа, како што неофицијално дознаваме, животот го изгубиле инструкторот по летање и три деца при панорамски лет над Мостар.