Vesna Besiç
30 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
САРАЕВО (АА) - Спроведувајќи планска акција под кодно име „Седло“, припадниците на Секторот за криминалистичка полиција на МВР Кантон Сараево (КС), со асистенција на Информативната-безбедносна агенција БиХ, а под контрола на Обвинителството на Кантонот Сараево (КС), запрен е автомобил од моделот „рено канго“ на наплатното место Тарчин, општина Хаџичи, при што се откриени 100 килограми опојна дрога, најверојатно сканк, пренесува Anadolu Agency (AA).
За време на претресот, покрај дрогата, во автомобилот се пронајдени и пари во различни валути, мобилни телефони и други предмети коишто можат да послужат во понатамошната истражна постапка.
Како што се наведува во заедничкото соопштение на Обвинителството на КС и Управата на полицијата на МВР КС, од слобода се лишени 3 лица, меѓу кои и возачот на автомобилот „рено канго“ А.Г., совозачот В.Ј. и И.Ц., возач на автомобил „поло“, со загрепски регистерски таблички, кој бил во придружба.
По криминалистичката обработка во МВР КС, осомничените за кривичното дело „неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги“ ќе му бидат предадени на Обвинителството на КС за понатамошна постапка.