Burcu Arik
22 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ПАРИЗ (АА) - Четирите осомничени лица кои го запалија полициското возило во кое се наоѓаа двајца полициски службеници за време на анти-владините демонстрации во Париз, ќе бидат обвинети за обид за убиство, соопштија од Обвинителството во Париз доцна синоќа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Обвинителството, четворицата осомничени на возраст од 18 до 32 години се притворени синоќа.
Осомничените се наводно членови на радикалната левичарска група, кои наводно, за време на демонстрациите против реформите за работни односи нападнале полициско возило во кое се наоѓале двајца припадници на безбедносните сили.
Полициските службеници избегале неповредени од автомобилот.
Снимките од нападот привлекоа внимание на национално ниво, каде еден од службениците, наградени со орден од страна на француското Министерство за внатрешни работи, се бранеше себеси без користење на било какво оружје.