Husamedin Gina
22 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
СКОПЈЕ (АА) – Здружението „Енсар” од Скопје, во соработка со здружението „Дениз Фенери” од Турција и синдикатот „Егитим-Бир-Сен“, по повод „Светскиот ден на сираците” во Скопје организираше ифтар за повеќе од 100 сираци и нивните блиски, јавува Anadolu Agency (AA).
На ифтарската вечера присуствуваа амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) во Скопје, Ајтекин Ајден, советникот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје Мурат Алкан, директорот на Турската фондација „Маариф“ за Северна Македонија, Мустафа Дилиоглу и претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин.
Амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, на вечерашната ифтарска програма обраќајќи се до децата сираци рече дека таа се чувствува како нивна мајка.
„Кога и да имате проблеми, ве молам дојдете чукнете на нашите врати, чукнете за да ние барем малку да се тргнеме од оваа секојдневна бркотница и да се обидеме заедно со вас да бидеме среќни”, нагласи Еркал Кара.
Заблагодарувајќи им се на здружението „Дениз Фенери” и синдикатот „Егитим-Бир-Сен“, таа рече дека е потребно ваквите активности да продолжат се одржуваат секогаш.
Ерол Ермиш, зборувајќи во името на здружението „Дениз Фенери” од Турција и синдикатот „Егитим-Бир-Сен“ наведе дека веќе трета година по ред се среќаваат со браќата од балканските простори.
„Јас како Ерол Ермиш, тоа што денес се наоѓам на балканските простори, и барем малку да им служам на моите браќа тука го сметам за еден од моите најзначајни работни обврски во мојот живот”, рече Ермиш.
Домаќинот на ифтарската програма, претседателот на Здружението „Енсар“, Сулејман Баки, истакна дека со поддршка на здружението „Дениз Фенери” и синдикатот „Егитим-Бир-Сен“ од Турција оваа година по 5. пат организираат ифтарска програма за повеќе од 100 сираци и нивни семејства.
„Нашата цел е да ја подигнеме свеста за сираците, да бидеме заедно со нив на ифтарската софра, да се запознаеме, да слушнеме за нивните проблеми и да најдеме решенија на тие проблеми", нагласи Баки, додавајќи дека на сираците исто така ќе им биде доделен чек од 1000 денари.
Здружението „Дениз Фенери” и синдикатот „Егитим-Бир-Сен“ од Турција, утре ифтарска програма ќе организираат во Црна Гора, потоа во Босна и Херцеговина.