Балкан

Земјотрес со јачина од 3,8 степени го погоди јужниот дел на Албанија

– Земјотресот е почувствуван во околните градови Фиер, Валона, Елбасан, Берат, но и во Тирана и Драч

Abdula Berisha  | 25.10.2024 - Обновена : 26.10.2024
Земјотрес со јачина од 3,8 степени го погоди јужниот дел на Албанија

ТИРАНА (АА) - Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер го погоди јужниот дел на Албанија, јавува Анадолу.

Според веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот бил во областа Фиер.

Земјотресот се случил во 19:32 часот по локално време, на длабочина од 9,9 километри.

Земјотресот бил почувствуван во околните градови, вклучувајќи ги Валона, Елбасан, Берат, но и во Тирана и Драч. Засега нема информации за штети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın