Vesna Besiç
03 Февруари 2018•Ажурирај: 04 Февруари 2018
СПЛИТ (AA) - Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер е забележан во Јадранско море, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), пренесува Anadolu Agency (AA).
Земјотресот е забележан денеска попладне на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил 35 километри југоисточно од Сплит и 9 километри западно од Брел во Хрватска. Потресување на тлото се почувствува и во Босна и Херцеговина.