Saimir Alija
17 Јули 2018•Ажурирај: 17 Јули 2018
ТИРАНА (АА) - Земјотрес погоди неколку градови во Албанија, вклучувајќи го и главниот град Тирана, предизвикувајќи паника кај граѓаните, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на албанскиот Институт на геонаука, енергетика, вода и животна средина (IGJEU), епицентарот на земјотресот бил во Рогожина, 26 километри јужно од Тирана, на длабочина од околу 36 километри и со јачина од 4,7 според Рихтер.
Според Институтот, по земјотресот биле регистрирани и последователни потреси.
Меѓу другото, властите во земјата не соопштија материјална штета или повредени во земјотресот.
Потсетуваме, на почетокот на јуни Тирана и неколку други градови беа зафатени од силен земјотрес.