Dzihat Aliju
18 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
СКОПЈЕ (АА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), во Скопје ја организираа вечерта „Поетско читање на Сердар Тунџер“ по повод „15 јули - ден на демократијата и националното единство на Турција“ , јавува Anadolu Agency (AA).
Во Куршумли Ан, во старата скопска турска чаршија се одржа програмата на којашто учество земаа пратеници, претседатели на партии и невладини организации, претставници на турски институции и организации во Македонија, Нихал Олчок, сопругата на Ерол Олчок и мајката на Абдула Таип Олчок кои загинаа на 15 јули, и голем број гости.
Сердар Тунџер, пред започнувањето на програмата, за новинарите изјави дека во духот и значењето на случувањата од 15 јули, се наоѓа меѓу потомците на османлиите, пред кои со поезија и песни ќе се обиде да им ги долови доживувањата на 15 јули.
Покрај програмата за 15 јули, Тунџер рече дека ќе бидат застапени и идеологијата на Турција и молитвите за неа и додаде:
„Кога зборуваме за било која земја на светот, тогаш станува збор за само таа земја. Кога ќе речете Франција, за Франција. Кога ќе споменете Алжир, за Алжир. Кога ќе речете Англија, за Англија. Но кога ќе речете Турција, тогаш зборувате за земја чија идеологија му се спротивстави на хаосот, на утврдениот поредок во светот денес, на неправдата, на кризите. 15 јули требаше да ја злоупотреби оваа идеологија во очите на сиромашните. Но тоа не се случи, туку стана најголем доказ дека Господ застана зад турскиот народ и држава“.
Координаторот на ТИКА-Скопје, Ајтекин Ајден потсети дека речиси една недела, по повод 15 јули - Ден на демократската победа и националното единство во Македонија, организираат различни активности, а како последна ја истакна средбата во спомен домот на г-дин Риза (дедото на Ататурк) во Коџаџик, каде многу убава слика дало единството и заедништвото на сонародниците од Турција и Македонија.
Ајден истакна дека посакале победата на демократијата да ја крунисаат со поетска вечер и додаде „Најважно е дека крвта на 251 загинат херој не остана на земја. Сите виновниците во најкус временски период ќе бидат казнети, што ќе биде круна на победата на демократијата. Со желба на Турција повеќе да не ѝ се повтори ваков проклет пуч, како ТИКА се чувствуваме многу среќни што вечерва заедно со нас ги гледаме нашите сонародници од Македонија.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин рече дека програмата е организирана со цел преку поезијата да се потсетиме на таа вечер, да ги споменеме загинатите херои, да не го заборавиме 15 јули и да не дозволиме да се заборави
Посакувајќи им на скопјани да имаат убава вечер, Емин додаде: „Еден век ние тука стражариме. Нашите срца се едно и што ѝ да се случи на Турција, и покрај географската оддалеченост, Турците од Македонија секогаш ќе бидат покрај Турција и ќе продолжиме да бидеме покрај неа.“