Fatjon Cuka
29 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Февруари 2020
ТИРАНА (АА) - Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди Албанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Албанија се вели дека според информациите на албанскиот Институт за геонауки, енергетика, водостопанство и животна средина, епицентарот на земјотресот со јачина од 4,9 степени бил во селото Бубч, кое се наоѓа во околината на Драч, на длабочина од 7 километри.
Според Министерството, по земјотресот биле регистрирани неколку последователни потреси, а моментално нема жртви или причинета материјална штета.
Земјотресот во албанскиот главен град Тирана предизвика паника кај граѓаните, кои излегоа на улиците.