Halil İbrahim Başer
01 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Од Истанбул за Сребреница денеска тргнаа 100 младинци од Турција кои ќе учествуваат на овогодишниот „Марш на мирот” кој почнува во сабота на 8. јули, а ќе трае до 11 јули, кога се одбележува 22. годишнината од геноцидот во Сребреница, јавува Anadolu Agency (AA).
Во организација на Здружението „Деца на светот”, од Истанбул веќе 7 години се организира патување на младите од Турција во Босна и Херцеговина, кои учествуваат на „Марш на мирот”.
Оваа година младите од Турција тргнаа на патување со воз од историската железничка станица Сиркеџи во Истанбул, каде претходните денови беше отворена изложба на фотографии под наслов „Геноцидот во Сребреница”, по повод 22. годишнината од одбележувањето на сребреничкиот геноцид.
Во име на групата зборуваше Мерјем Бичиџи, која потсети дека во рамките на овогодишната организација, била отворена изложба на фотографии, на кои се забележани детали од геноцидот во Сребреница, Маршот на мирот и погребот на жртвите во Поточари.
Бичиџи изјави дека би сакала во Србреница да оди со поубава причина, а не на погреб на невино убиените жители на Сребреница. Меѓутоа тоа не го дозволуваат измачувањата и масакрите, кои за жал, ги има во изобилство низ историјата.
Бичиџи истакна дека често била запрашувана за нејзиното етничко потекло, одговарајќи:
„Не мораш да бидеш Бошњак за да ги осудиш оние кои го извршија масакрот. Доволно е да се биде човек”.