Dzihat Aliju
20 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, рече дека независно од етничката и верска припадност, терористичката организација ФЕТО претставува сериозна закана и за безбедноста на Македонија.
Амбасадорката Кара, во разговор за Anadolu Agency (AA) го осуди свирепото убиство на амбасадорот на Русија во Анкара, Андреј Карлов, а на семејството Карлов и на целиот руски народ им го изрази своето сочувсто.
- Цел на ФЕТО не е само безбедноста на Турција
Амбасадорката на Турција во Македонија Кара рече дека цел на ФЕТО не е само безбедноста на Турција, туку и на другите земји.
„Постојано истакнуваме дека оваа терористичка организација порано или подоцна ќе делува и врз безбедноста на останатите земји. За жал испаднавме во право”, рече амбасадорката Кара.
„Нападот врз амбасадор на Русија Карлов не е само напад врз Руската Федерација. Тој истовремено е и напад врз пријателските односи меѓу двете земји", рече амбасадорката Кара и додаде деке независно од етничката и верска припадност, терористичката организација ФЕТО претставува сериозна закана и за безбедноста на Македонија.
Амбасадорката Кара истакна дека очекува одлуките кои македонските органи ги донеле во врска со спречување на активностите на институциите и организациите поврзани со ФЕТО потребно е што е можно побрзо да бидат спроведени и продолжи:
„Ја користам оваа прилика да му се обратам на целиот македонски народ. Што може да направи ФЕТО виде целиот свет. Оваа терористичка организација е причина за смртта на повеќе од 250 лица во Турција за време на обидот за државен удар, а сега го уби и амбасадорот на Русија. Затоа сакам да кажам дека со запишувањето на вашите деца во училиштата во кои се прави терористичка пропаганда на омраза, вие вршите директно финансирање на теророт. Не дозволувајте ФЕТО да им нанесе штета на придобивките на Македонија."