Zylfije Adem Jakupi
10 Април 2021•Ажурирај: 11 Април 2021
ПРИШТИНА
Во текот на изминатите 24 часа на Косово е спроведено тестирање на 4.351 примерок сомнителен на коронавирус, од кои 571 се позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 9 смртни случаи од последици на заразеност со Ковид-19.
Вкупниот број на позитивни случаи на заразеност со коронавирус од почетокот на пандемијата досега достигна 97.467, додека вкупниот број на спроведени тестирања сомнителни на коронавирус изнесува 471.004.
Во Косово досега од последици на заразсеност со Ковид-19 животот го загубија 1.976 лица.
Во текот на последните 24 часа оздравеа 727 лица, додека вкупната бројка на оздравени изнесува 81.561.
Во моментов во земјата се активни 13.930 случаи на зараза со Ковид-19.