Ekipa
10 Април 2021•Ажурирај: 11 Април 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 1.092 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 141.157, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 32 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.182.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2.003 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 115.433.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 21.542.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 5.569 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 666.091 тестирања.