Oktaj Omeragikj
09 Април 2021•Ажурирај: 10 Април 2021
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека врз основа на податоците што ги објави Институтот за јавно здравје, во земјата се детектирани 1.174 новозаразени, а животот го загубија 42 заразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа во земјата се направени 4.598 тестирања, од кои 1.174 биле позитивни на КОВИД-19. Во истиот период од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 42 лица, додека оздравеа 811 заразени.
Досега во Северна Македонија се направени вкупно 660.522 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на лица кај кои е дијагностициран коронавирус во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 140.065. Бројката на досега оздравени пациенти изнесува 113.430, а од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 4.150.
Во моментов бројот на активни случаи на заразеност со коронавирус изнесува 22.485.