Mustafa Talha Öztürk
10 Април 2021•Ажурирај: 11 Април 2021
БЕЛГРАД (АА) - Генералниот конзулат на Турција во Нови Пазар официјално започна со работа во петокот со примањето на потврдата од српската заменик-министерка за надворешни работи Вера Вукичевиќ, од страна на генералниот конзул Башар Башол, јавува Агенција Анадолија (АА).
На церемонијата што се одржа во главниот град Белград присуствуваше и турскиот амбасадор Хами Аксој.
Работите на конзуларните и идните посети помеѓу претставниците на двете земји беа разгледани со Вукичевиќ на состанокот по церемонијата.
Отворањето на Генералниот конзулат беше најавено за време на официјалната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Србија во 2019 година.
Конзулатот на Турција е првата дипломатска мисија основана во Нови Пазар.
Населението на Нови Пазар и неговиот регион се сметаат за мост на пријателството меѓу Турција и Србија.
Турција преку своите официјални мисии сака да го зголеми своето економско, културно и политичко присуство во регионот.
И Босна и Херцеговина се подготвува да отвори дипломатска мисија во Нови Пазар, откако Србија даде согласност.
Нови Пазар има историско значење за Турција и муслиманите во регионот. Основан е во периодот меѓу 1459-1461 година од страна на Исхакоглу Иса-бег, основачот на главниот град на Босна, Сараево, и градител на главниот град на Северна Македонија, Скопје.
Нови Пазар е убав пример за меѓурелигиска хармонија, со население кое е 82 отсто муслиманско.