Bojana Stojanovic
05 Февруари 2021•Ажурирај: 06 Февруари 2021
БЕЛГРАД - Во Србија во последните 24 часа починаа 14 лица од последици предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), а детектирани се 1.968 новозаразени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во болниците низ земјата се наоѓаат 3.987 пациенти, од кои 126 се на респиратор.
Во последното деноноќие се тестирани 11.854 лица, од кои 1.968 биле позитивни на коронавирусот.
Во истиот период починаа 14 лица, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во земјата се зголеми на 4.099. Процентот на смртност во Србија изнесува 1,01 %.
Во Србија се регистрирани вкупно 404.668 случаи на Ковид-19.
Досега се тестирани 2.675.996 граѓани.