Bojana Stojanovic
06 Февруари 2021•Ажурирај: 08 Февруари 2021
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора регистрирани се 571 нов случај на зараза со коронавирус, а пријавени се 5 смртни случаи предизвикани од новиот тип коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тестирани се 1.888 лица, од кои 571 биле позитивни на коронавирусот.
Во последното деноноќие во Институтот за јавно здравје на Црна Гора се пријавени 5 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
Вкупниот број на починати од последиците предизвикани од Ковид-19 во Црна Гора изнесува 836.
Во истиот период пријавено е дека оздравеле 475 пациенти.
Во моментов вкупниот број активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора изнесува 7.750.
Од почетокот на епидемијата досега, вкупниот број на регистрирани случаи на заразеност со коронавирусот во Црна Гора изнесува 64.739.