Ekipa
06 Февруари 2021•Ажурирај: 07 Февруари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 404 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 94.599, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 8 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.916.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 101 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 83.735.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во државата е 7.948.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.727 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 468.845 тестирања.