Zylfije Adem Jakupi
17 Септември 2020•Ажурирај: 19 Септември 2020
ПРИШТИНА
На Косово во последните 24 часа починаа уште 3 лица како последица на заразувањето со Ковид-19, додека во истиот период се детектирани 43 нови случаи на заразување со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопшти Националниот институт за јавно здравје на Косово, во последните 24 часа се тестирани 664 примероци на коронавирусот, од кои 43 биле позитивни. Досега во оваа земја се спроведени 60.235 тестирања, од кои 14.882 биле позитивни на коронавирусот, а животот го загубија 607 лица како последица на заразувањето со Ковид-19.
Во текот на последните 24 часа оздравеа 239 лица, додека вкупниот број на оздравени изнесува 12.188. Во моментов активни се 2.087 случаи на заразени со Ковид-19.