Agim Sulaj
14 Март 2020•Ажурирај: 15 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Вкупната бројка на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Косово се искачи на 5 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоа преку соопштение го потврди Министерството за здравство на Косово.
Во ова соопштение се вели дека покрај претходно откриените 3 случаи, во Лабораторијата за молекуларна микробиологија при Националниот институт на јавно здравје на оваа земја биле откриени уште две случаи на Ковид-19.
Според ова соопштение, од 8 февруари до денес во оваа лабораторија биле тестирани вкупно 207 сомнителни случаи, од кои пет резултирале позитивни.