Agim Sulaj
25 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
ПРИШТИНА
Во Косово се откриени уште 34 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи во земјата се искачи на 703, меѓу кои 19 починати и 162 излекувани лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Не се регистрирани нови смртни случаи. Излекувани се уште 3 лица, со што вкупната бројка на излекувани лица во земјата се зголеми на 162.
Овој институт соопшти дека денес се извршени 263 тестирања за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 5.890.
Во Косово досега починаа 19 лица поради Ковид-19.