Vesna Besic
24 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
САРАЕВО (AA) - Федералнипт штаб на цивилна заштита донесе наредба за укинување на полицискиот час во Федерацијата Босна и Херцеговина (БиХ), потврди за Агенција Анадолија (АА) началникот на Федералниот штаб на цивилната заштита Фахрудин Солак.
„Одлуката стапува во сила со денот на донесување", рече Солак.
Укинат е полициски час кој во Федерацијата БиХ на сила беше од 21 март како мерка со цел спречување на ширењето на коронаврусот, а со кој беше забрането движењето од 20 до 05 часот.
Полицискиот час е воведен на препорака на федералниот министер за внатрешни работи Аљоша Чампара кој во четврток до Федералниот штаб на цивилната заштита упати предлог за укинување на наредбата за забрана за движење на граѓаните.