Балкан

Косово затвори два гранични премини кон Србија

- Косовските власти вчера ги затворија граничните премини Брњак и Мердаре со Србија поради блокадата на патиштата од српска страна во близина на овие гранични премини.

Eren Beksaç  | 07.09.2024 - Обновена : 07.09.2024
Косово затвори два гранични премини кон Србија

ПРИШТИНА (АА) - Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља соопшти дека граничните премини Мердаре и Брњак кои водат кон Србија се затворени поради затворањето на патиштата од спротивната страна, известува Анадолу.

Косовските власти вчера ги затворија граничните премини Брњак и Мердаре со Србија поради блокадата на патиштата од српска страна во близина на овие гранични премини.

Свечља на социјалните мрежи објави дека семејство кое патувало кон Германија, поради затворениот пат од српската страна на граничниот премин Брњак, не можело да го продолжи патот и да се вратило назад.

„За нас се апсолутно неприфатливи овие фашистички дејствија во кои им се дозволува премин на Србите без разлика на документите што ги поседуваат, а на Албанците им се оневозможува премин, без разлика на документите што ги поседуваат“, наведе Свечља.

Тој изјави дека граничниот премин Брњак ќе биде затворен додека не се воспостави стабилен, непречен и безбеден сообраќај за сите патници.

Свечља рече дека и граничниот премин Мердаре е затворен по акциите на српски маскирани екстремисти кои со фашистички пристап селективно ги запирале граѓаните кои се обидувале да минат низ Србија“.

Протест и делумна блокада на приодот кон Јариње во петокот по 18 часот се одржала во градот Рудница кај административниот премин Јариње кон Косово од правец на централна Србија. Неколку граѓани, претставници на роднокрајни здруженија делумно го блокирале патот Рудница - Јариње.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.