Балкан

Бледско Езеро - природна убавина на Словенија која ве плени со својот пејсаж

- Бледското Езеро е сместено на Јулиските Алпи во северозападна Словенија, на надморска висина од 475 метри. Езерото е од типот на тектонско-глацијални езера. Се наоѓа во живописна околина, опкружено е со високи планини и шуми.

Oktaj Omeragikj  | 07.09.2024 - Обновена : 07.09.2024
Бледско Езеро - природна убавина на Словенија која ве плени со својот пејсаж Фото: Мурат Ѓок

СКОПЈЕ (АА)

Словенија, сместена на југот на Централна Европа, секоја сезона го привлекува вниманието на туристите со својата извонредна природа и богатото историско наследство, известува Анадолу.

Бледското Езеро, оддалечено 35 км од Меѓународниот аеродром Љубљана и 55 км од главниот град Љубљана, е една од најпопуларните дестинации во Словенија за туристите од целиот свет. Гоостите кои ќе ја посетат оваа дестинација имаат можност да уживаат во извонредната глетка на езерото и неговата околина.

Бледското Езеро е сместено на Јулиските Алпи во северозападна Словенија, на надморска висина од 475 метри, со површина од 1,438 км2. Езерото е од типот на тектонско-глацијални езера. Должината на езерото изнесува 2.120 метри, неговата најголема широчина е 1.380 метри, а максималната длабочина изнесува 30,6 метри. Езерото се наоѓа во живописна околина и опкружено е со високи планини и шуми.


- Единствен природен остров во Словенија

Во централниот дел на Бледското Езеро се наоѓа остров кој му дава особена убавина на езерото. Овој остров е единствениот природен остров во Словенија. Превозот до островот е со традиционални чамци наречени „плетна“.

На островот има неколку градби, а негов најголем украс е црквата Успение на Богородица, изградена во 15 век. Сегашниот облик на црквата е изграден кон крајот на 17 век. Црквата има кула висока 52 метри и ја красат 99 камени скалила изградени во барокен стил во 1655 година.


- Фасцинантен поглед од Бледски замок

Замокот е изграден на врвот на 130 метри високата карпа и зазема уникатна локација над езерото, овозможувајќи поглед кој ви го одзема здивот. Станува збор за еден од најстарите средновековни замоци во Словенија, познат и по тоа што бил резиденција на Јосип Броз Тито, претседателот на СФРЈ. Замокот за првпат се споменува во 1004 година, а во сегашниот облик е обновен во 17 век. Највпечатлива карактеристика на замокот е прекрасниот поглед на езерото Блед.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın