Agim Sulaj
13 Февруари 2021•Ажурирај: 15 Февруари 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 4 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.544, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 290 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 64.095.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 2.062 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 263.554 тестирање.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 55.560 лица. Во моментов во земјата има 6.991 активен случај.