Agim Sulaj
02 Мај 2025•Ажурирај: 03 Мај 2025
ПРИШТИНА (АА) – Република Косово официјално ја отвори својата амбасада во Куала Лумпур, во Малезија, пренесува Анадолу.
Ова го објави Вјоса Османи, претседателката на Косово, која е во официјална посета на Малезија.
„Нов прозорец за нашата земја, со целосни можности за уште подлабока соработка со Малезија. Уште посилно дипломатско присуство во еден од најстратешките региони во Азија“, напиша Османи.
Косовската претседателка го сметаше овој чекор како „уште еден дом за Косово“, каде што ќе се унапредуваат интересите на граѓаните на Косово, ќе се зајакнат неговите сојузи и ќе се заштити жртвувањето на Косово за слобода и државност.
Османи престојува во Малезија во официјална посета на покана на премиерот Анвар Ибрахим, кој ја пречека косовската претседателка со висока државна церемонија.
Османи ќе оствари средби и со претставници на Националната стопанска и инвестициска комора на Малезија (NCCIM), како и со претставници на важни сектори на малезиската економија, вклучувајќи го производството, технологијата и туризмот.