Zülfiya Yakup
14 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
ПРИШТИНА (АА) - Советот за безбедност на Косово денес соопшти дека домашните надлежни институции октриле акции на неколку поединци и нивните групи кои планирале да сторат дела против некои институционални и политички лидери на Косово, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Советот за безбедност на Косово е наведено дека се откриени поединци и групи, поврзани со групи и поединци од другите места надвор од Косово, ориентирани да го дестабилизираат Косово и да го загрозат уставниот поредок.
„Таквите акции се проценуваат дека можат да бидат во врска со лица со сомнително минато, кои работaт со групи и служби на некои земји и можат да имаат односи со лица инкриминирани во судири во странство, како и со одредени земји која се стремат кон дестабилизација на Косово”, се наведува во соопштението.
Понатаму се истакнува дека косовските институции ги преземаат сите мерки за зачувување на уставниот поредок, безбедноста и одбрана на живото на државните и политички лидери и други лица загрозени од овие криминални групи.
Советот за безбедност на Косово смета дека таквите стремежи и постапки мора да се осудат од страна на сите граѓани на Косово, Владата, Собранието и граѓанското општество. Во меѓувреме, органите на редот и правосудството ќе ги преземат сите законски мерки да се спречи работата која ги загрозува човековите животи, стабилноста на земјата и уставниот поредок и носителите на такви групи да се изведат пред лицето на правдата.
Истовремено од Полицијата на Косово е соопштено дека актуелната безбедносна сируација во Косово е мирна и стабилна. Според наведеното, полицијата моментално реалзиира некои од планираните оперативни работи, а поврзано со манифестациите по повод празникот Велигнен, што инаку се применува и по повод на други настани за да се пружи безбедност на граѓаните и за да се спречат евентуални инциденти.
„Полицијата на Косово високо ја цени соработката со верските заедници по повод на овие верски празници и им се заблагодарува на граѓаните на високата свест за почитување на правото и слобадата на сите заедници, како едно од темелните вредности на демократското општество”, пишува во соопштението на Полицијата на Косово.