ПОДГОРИЦА (АА) - Адел Омерагич
Подгорица и Црна Гора наскоро ќе ја добијат првата електрана на биогас, од каде од отпад ќе се произведува електрична енергија. Проектот го реализира градското претпријатие „ Депонија” , која се занимава со преработка на отпад во Подгорица, пишува Anadolu Agency (AA).
Овој најавен еколошки проект ќе придонесе, благодарејќи на отпадот да се добива нова енерија, а воедно и ќе ја пополни касата на ова претпријатие, кое парите од овој проект ќе ги вложи во нови развојни проекти.
- Отпадот како потенцијал, а не проблем
Директорот на градското претпријатие „ Депонија”, Арсеније Бољевиќ, во разговор за АА вели дека отпадот за нив претставува потенцијал а не проблем.
„Во согласност со политиката на Главниот град и „ ДОО Депонија на ливадата”, ние го сметаме отпадот како потенцијал, а не како проблем и во согласност со тоа го реализираме прокетот на изградба на електрана на биогас. Ние во склоп на нашата депонија имаме када која се користи веќе десетина години. Можам да кажам дека сега парите ни одат во воздух, метанот оди во воздух, односно, ние имаме факел кој го согорува метанот во CO2. Метанот се создава од калоричен отпад кој се ослободува при распаѓањето на ѓубрето со текот на времето. Овој проект е многу важен од два аспекти. Едниот аспект е економски а другиот финансиски. Ние сега се обидуваме тие биотрнови кои постојат на кадата да ги споиме на едно когенераторска постројка, каде целиот тој гас ќе оди во таа постројка и од неа ќе се прави електрична енергија. Тоа е еколошки аспект, а ни помалку значаен не е ни финансискиот аспект, бидејќи во нашата компанија додатно ќе обезбеди финансии, кои ќе ги вложуваме во нови развојни проекти. Како што знаете, еколошките проекти никогаш не ни се доста” , вели Бољевиќ.
Претпријатието „Депонија” е едно од најдобро организираните во Подгорица. Тука се вработени 150 лица, а секојдневно работат на обработка на отпадот, со рециклирање на метални или неметални отпадоци и остатоци и со промет на секундарните суровини.
- Модел приватно-јавно партнерство
Најавениот проект, претпријатието „Депонија” ќе го реализира заедно со партнер кој ќе биде избран на тендер.
„Се работи за модел приватно-јавно партнерство. Ние како град го даваме тој гас кој се создава од отпадот, кој е најголем влог во овој случај, и даваме парцела на користење, на која ќе се изгради таа когенераторска постројка и техничко-економската студија. Приватниот партнер, кој ќе ја добие работата, ќе биде обврзан да ја покрие постоечката када, тоа е една исклучително значајна инвестиција и да изгради когенераторска постројка од која ќе се прави електрична енергија”, истакнува Бољевиќ.
Јавниот повик за избор на партнер ќе биде распишан наскоро, а направена е комплетната документација за проектот.
„Комисијата која е формирана да ја следи оваа работа е во тек на изработка на документите и во наредните десет дена ќе распише јавен повик. Можам да кажам дека сите документи се подготвени, тука се согласноста на Собранието, Нацртот на јавниот повик и Нацрт договорот. Готова е и техничко-економската студија, која ни ги даде главните параметри, врз основа на која ги составивме овие документи”, изјави Бољевиќ.
- Вредноста на овој проект е околу два милиони евра
Според неговите проекции, проектот ќе биде вреден околу два милиони евра.
„Овој проект „ Депонија” во финансиска смисла нема да ја чини ништо. Тоа на нас ни е многу важно , да не мораме да вложуваме пари и да се задолжуваме евентуално. Приватниот партнер по некои проценки ќе го чини околу два милиони евра, што е многу важно за „Депонија” , бидејќи покривањето на кадата ќе биде околу 800.000 евра. Покривањето на постоечката када од еколошки аспект е многу значајно, бидејќи еколошките прописи налагаат кои словеви треба да се направат во покривање на кадата. Кога ќе се покрие кадата, тој настанат рид може да се искористи за некои други намени. Во некои развиени земји обично се прават зоолошки градини, голф терени. Ние заедно со Градот и Собранието ќе видиме како е најдобро да се валоризира тој простор", вели Бољевиќ, со напоменување дека студијата покажала дека вложувањето во когенераторска постројка е околу 1.200.000 евра.
- Енергија и од соларни панели
Ваков еколошки проект до сега во Црна Гора не е направен, додека во регионот нешто слично е направено во Словенија. Освен биогас, во претпријатието „ Депонија” планираат да дојдат до електрична енергија и со поставување на соларни панели.
„Ова по прв пат се прави во Црна Гора. Ние ја почитуваме политиката на Владата на Црна Гора и се обидуваме да придонесеме за одржлив развој и да произведеме енергија од обновливите извори на енергија. План ни е да направиме чекор напред во оваа смисла, бидејќи планиравме по реализацијата на овој проект, односно паралелно со реализацијата на овој проект, да се обидеме да произведеме струја од соларни панели. Планиравме изградба на соларни панели на крововите на нашите постројки, кои ги има околу 7.000 квадрати” , изјави Бољевиќ.
- Струја од отпад до крајот на годината
Доколу се оди според планот, првите мегавати на струја добиени од отпад би можеле да се очекуваат кон крајот на годината.
„Се наведам дека комплетната изградба на постројката ќе заврши оваа година. Сметам дека до крајот на годината тоа ќе биде завршено, а првите мегавати струја ги очекуваме кон крајот или почетокот на наредната година. Тоа се некои наши планови", порача Бољевиќ.