Lejla Bıogradlıja
08 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
САРАЕВО (АА) - ЛЕЈЛА БИОГРАДЛИЈА - Личните работи на Алија Изетбеговиќ, првиот претседател на Република Босна и Херцеговина во Сараево, меѓу другото, се чуваат и во куќата во којашто живеел, и во музејот што го носи неговото име.
Алија Изетбеговиќ, роден е на денешен ден, 8 август, 1925 година, а почина на 19 октомври 2003 година.
Катот од куќата каде што живеел низа години, денес се користи како простор во кој се изложени неговите лични предмети, а додека другиот кат го користи турскиот Центар за развој на односите со Босна и Херцеговина (BiGMEV).
Директорот на Центарот во БиХ, Самир Велиќ, вели дека Алија Изетбеговиќ, голем дел од своето време го минувал во читање, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во библиотеката во куќата се наоѓаат 1.400 книги кои му припаѓале на починатиот претседател. Останатиот дел од книгите се наоѓаат во Музејот 'Алија Изетбеговиќ' и кај неговите деца“, додаде Вилдиќ.
Тој рече дека повеќето од книгите во библиотеката имаат и посвета од писателите, меѓу кои е и книгата на поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу.
Според Вилдиќ, во куќата има многу фотографии кои не ѝ се познати на јавноста.
Тој потсети дека Алија Изетбеговиќ за време на војната во Босна и Херцеговина, во периодот од 1992 до 1995 година, неколкупати бил принуден да го смени местото на живеење, но дека со себе секогаш ги носел своите книги, сателитскиот телефон и факс-машината.
Вилдиќ истакна дека работите, меѓу кои се наоѓа и примерок од Куранот, се чуваат на ист начин како што ги оставил Изетбеговиќ.
Во собата која ја користеше Изетбеговиќ откако поради здравствени причини се повлече од политиката, за да минува време со пријателите, се изложени добиените подароци.
Многу лични предмети, меѓу кои и воената униформа за време на војната во БиХ, како и пенкалата кои ги користел, се изложени во музејот 'Алија Изетбеговиќ' во Сараево, кој е отворен на четвртата годишнина од неговата смрт, на 19 октомври 2007 година.
Во приземјето на музејот, покрај приемниот дел, се наоѓа библиотека во која се претставени најзначајните дела на Алија Изетбеговиќ на босански јазик и на многу странски јазици, како и одредени негови лични предмети.
Изложбата е поделена во девет помали целини.