Shpetim Hiseni
16 Мај 2025•Ажурирај: 16 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) – Лидерите на земјите од Западен Балкан пристигнаа во Албанија за 6. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Тирана, јавува Анадолу.
Покрај лидерите на европските земји, како и лидерите на институциите на ЕУ и претставници на НАТО, ОБСЕ и Советот на Европа, на самитот присуствуваат и лидери од регионот, меѓу кои премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи, претседавачката со Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Дискусии ќе се одржат во неколку тематски сесии на високо ниво, со фокус на безбедноста и демократската одржливост на Европа, економската конкурентност и безбедноста, сложената динамика на миграцијата и на војната меѓу Русија и Украина.
На крајот од самитот прес-конференција ќе одржат премиерот на Албанија, Еди Рама, и премиерката на Данска, Мете Фредериксен, чија земја ќе биде домаќин на следниот Самит на Европската политичка заедница.